Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба само за да дојде до власт

/

пред 95 дена

Сподели преку :

– Додека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Венко Филипче молчи и ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека „наместо да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои македонскиот народ со години ги смета за неправедни, навредливи и понижувачки“.

„Денес Венко Филипче чекори по истиот пат и прво ги релативизира бугарските позиции, а потоа ќе се обидува да ги оправдува нивните барања пред јавноста.

Филипче не нуди визија, ниту стратегија за заштита на државните интереси. Тој нуди политика на попуштање, сервилност и прифаќање на туѓи диктати, само за да обезбеди политичка поддршка и да стигне до власт“, пишува во партиското соопштение.