Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно со слаб локален дожд и снег – Временска прогноза за 14.2.2022

/

пред 1694 дена

Сподели преку :

Променливо облачно ќе продолжи и во првите денови од новата работна недела. Утре со слаб локален дожд, а на планините со провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 4 до 12°C.

Агропрогноза:

Временските услови во наредната седмица кои носат стабилизирање и затоплување, ќе им овозможат на земјоделците да ги вршат и понатаму резидбите на виновата лоза и овошките, припрема на површините во пластеничкото проиводство и евентуално прихранување на есенските посеви.

Информација од утрово:

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

30 Маврови Анови, 22 Попова Шапка, 9 Пожаране, 2 Ѓуриште.

Минимална температура (во °C)

-4 Попова Шапка, -2 Маврови Анови, -1 Дебар, 0 Крушево, Берово, 1 Охрид, Претор, 2 Крива Паланка, Тетово, Битола, Прилеп, 3 Скопје-Петровец, Штип, Куманово Виница, 4 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Демир Капија, 7 Гевгелија, 8 Дојран.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/