Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наутро во котлините услови за магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 12.12.2025

/

пред 297 дена

Сподели преку :

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Информација од ова утро 11.12.2025

Минимална температура (во °C)

-3 Битола, -2 Скопје – Петровец, Берово, Струмица, -1 Тетово, Демир Капија, Велес, 0 Скопје–Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Прилеп, Mаврови Анови, Гевгелија, 1 Куманово, 2 Крива Паланка, Охрид, Претор, Виница, 4 Попова Шапка, 5 Kрушево.

 

Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!