Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Облачно време со повремени локални врнежи, попладне и во текот на ноќта насекаде врнежи од снег – Временска прогноза за 10.1.2026

/

пред 268 дена

Сподели преку :

Променливо облачно време, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер (над 60км/ч.). Поради
спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 см, а во останатите места од 5 до 10 см.

Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат само од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 6°C, а максимумот од 2 до 10°C.

Информација од ова утро 9.1.2026

Минимална температура (во °C)

-11 Попова Шапка, -9 Куманово, -8 Скопје-Петровец, Берово, Крива Паланка, -7 Тетово, Демир Капија, Mаврови Анови, -6 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Штип, Виница, Кавадарци, Kрушево, -5 Прилеп, -3 Гевгелија, Претор, -2 Охрид, Битола.

Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!