Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд – Временска прогноза за 12.2.2026

/

пред 235 дена

Сподели преку :

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје, претежно облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 6°C, а максимумот од 8 до 14°C.

Информација од ова утро 11.2.2026

Минимална температура (во °C)

-2 Попова Шапка, 0 Лазарополе, 1 Kрушево, Mаврови Анови, 2 Крива Паланка, Берово, Кавадарци, 3 Охрид, Битола, Прилеп, 4 Тетово, Претор, Виница, 5 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Струмица, 6 Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

6 Лазарополе, 3 Тетово, Охрид, Прилеп, Попова Шапка, 2 Пожаране, 1 Претор, Крушево, Маврови Анови.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

63 Попова Шапка.

Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!