Во најголемиот дел од земјата ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места снег. Врнежите ќе започнат во западните делови, каде ќе бидат пообилни, а во текот на денот ќе се прошират насекаде. На планините на северозапад се очекува позначително зголемување на снежната покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен во должина на Повардарието.
Во Скопје облачно, околу пладне и попладне со повремени врнежи од дожд ќе дува умерен југоисточен ветер.
Информации од ова утро: 27.11.2023
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-10 Битола, Берово, Попова Шапка, Маврови Анови, -8 Прилеп, Дебар, Крушево, -7 Охрид, -6 Тетово, Крива Паланка, Демир Капија, -5 Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци, Претор, -4 Струмица, Штип, -3 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Виница, -2 Дојран, Гевгелија.
СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во cm)
20 Ѓуриште, 19 Пожаране, 18 Дебар, 16 Маврови Анови, 14 Битола, 13 Берово, Крушево, 12 Крива Паланка, 7 Прилеп.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo











