Облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -9 до -2°C, а максимумот од 1 до 7°C.
Информација од ова утро 20.1.2026
Минимална температура (во °C)
-11 Берово, -10 Крива Паланка, Mаврови Анови, Попова Шапка, -9 Скопје-Петровец, -8 Велес, Демир Капија, Струмица, Kрушево, -7 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци, Прилеп, Штип, -6 Претор, Виница, -5 Охрид, Битола, -4 Гевгелија.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
24 Попова Шапка, 7 Маврови Анови, 3 Крушево.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!











