Претпладне сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. UV=8
Во Скопје претпладне сончево и многу топло со засилен југоисточен ветер. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме.
Информации од ова утро: 4.8.2023
Минимални температури (во °С)
13 Лазарополе, 14 Берово, 15 Маврови Анови, 16 Попова Шапка, 17 Битола, Крива Паланка, 18 Струмица, Тетово, Охрид, Прилеп, 19 Скопје-Петровец, Куманово, Претор, Крушево, 20 Демир Капија, 21 Велес, Штип, Гевгелија, Виница, 22 Скопје-Зајчев Рид, Дојран.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo











