Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17°C, а максималната од 20 до 27°C.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Информации од ова утро: 13.6.2023
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
8 Лазарополе, Попова Шапка, 10 Маврови Анови, 11 Крушево, Берово, 12 Крива Паланка, Претор, 13 Прилеп, Битола, Охрид, 14 Скопје-Петровец, Струмица, Штип, Виница, Дојран, Дебар, 15 Тетово, Демир Капија, Куманово, Велес, Кавадарци, 16 Скопје-Зајчев Рид, 17 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 8 часот (во l/m2)
40 Крива Паланка, 29 Струмица, 25 Дојран, 23 Ѓуриште, 20 Пожаране, 18 Крушево, 16 Маврови Анови, 12 Виница, 10 Попова Шапка, 9 Прилеп, 7 Тетово, 6 Куманово, 5 Демир Капија, 4 Битола, 1 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, Кавадарци.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo











