Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд (10 l/m²), а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 1 до 6°C, а максимумот од 8 до 13°C.
Информација од ова утро 5.2.2026
Минимална температура (во °C)
-2 Попова Шапка, 1 Маврови Анови, Лазарополе, 2 Kрушево, 3 Пожаране, 4 Тополчани, Претор, Прилеп, 5 Берово, Тетово, Охрид, Ѓуриште, Битола, 6 Крива Паланка, Скопје-Зајчев Рид, Велес, 7 Кавардарци, Куманово, 8 Виница, 9 Струмица, Демир Капија, Штип, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
19 Гевгелија, 12 Струмица, 10 Берово, 9 Демир Капија, Крива Паланка, Попова Шапка, 8 Битола, Пожаране, Лазарополе, 7 Тетово, Маврови Анови, 5 Крушево, Ѓуриште, 4 Прилеп, Штип, 3 Виница, Велес, 2 Претор, Куманово, Кавадарци, Охрид, Тополчани, 1 Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
8 Крушево.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!











