Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно претпладне врнежи од дожд, кон крајот на денот намалување на облачноста – Временска прогноза за 3.5.2026

/

пред 154 дена

Сподели преку :

Променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h).

Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 7°C, а максимумот од 13 до 22°C.

Информација од ова утро 2.5.2026

Минимална температура (во °C)

-4 Берово, Попова Шапка, -2 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор, Kрушево, -1 Битола, Штип, Велес, Mаврови Анови, Лазарополе, 0 Охрид, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, 1 Виница, 2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 4 Гевгелија, 5 Тетово.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

1 Гевгелија.

Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!