Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Минимална температура (во °C)
4 Попова Шапка, 6 Kрушево, Лазарополе, 7 Крива Паланка, Берово, Mаврови Анови, 9 Претор, Битола, Прилеп, Виница, 10 Тетово, Охрид, Куманово, Штип, Велес, Кавадарци, Струмица, 11 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
11 Битола, 10 Претор, 8 Тополчани, 6 Крушево, 4 Охрид, Кавадарци, 2 Скопје-Петровец, Велес, Струмица, Берово, 1 Куманово, Штип, Демир Капија, Гевгелија, Попова Шапка.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
13 Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!











