Нашето подрачје останува под влијание на циклонска активност, па и во текот на утрешниот ден ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 1 до 7°C, а дневната од 7 до 13°C.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Информации од ова утро: 2.3.2023
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
3 Охрид, Крушево, 4 Претор, 5 Берово, Битола, Крива Паланка, Прилеп, 6 Куманово, 7 Виница, 8 Скопје-Петровец, Дојран, 9 Штип, Гевгелија, 10 ДЕмир Капија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 7 часот (во l/m2)
10 Пожаране, 6 Скопје-Петровец, Охрид, 5 Куманово, Дебар, 4 Гевгелија, 3 Дојран, Крушево, 2 Битола, Ѓуриште.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во сm)
12 Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/











