Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 20°C, а максимумот од 29 до 37°C.
Информација од ова утро 7.7.2026
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
26 Гевгелија, 24 Кавадарци, 22 Струмица, 21 Велес, Демир Капија, 20 Скопје, Тетово, Штип, Прилеп, Пожаране, 19 Охрид, Претор, Крушево, 18 Куманово, Крива Паланка, Виница, Битола, 16 Берово.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]











