Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На планините и на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 7°C, а максимумот од 7 до 15°C.
Информација од ова утро 26.3.2026
Минимална температура (во °C)
-3 Попова Шапка, -1 Берово, 0 Битола, Kрушево, 1 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Прилеп, Mаврови Анови, 2 Крива Паланка, Претор, 3 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Гевгелија, 4 Велес, Кавадарци, 5 Демир Капија, 8 Штип, Виница.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
53 Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!











