Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. UV=8. Утринската температура ќе се движи во интервал од 11 до 19°C, а дневната од 25 до 35°C.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Информации од ова утро: 20.6.2023
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
6 Лазарополе, 8 Маврови Анови, Берово, 10 Битола, Крива Паланка, Попова Шапка, 11 Охрид, Прилеп, Тетово, 12 Скопје-Петровец, Демир Капија, Крушево, Претор, 13 Штип, Струмица, Велес, Куманово, Кавадарци, 14 Скопје-Зајчев Рид, Виница,16 Гевгелија, 19 Дојран.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 8 часот (во l/m2)
5 Тополчани, 1 Маврови Анови.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo











