Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 26.2.2026

/

пред 221 дена

Сподели преку :

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 3°C, а максимумот од 8 до 16°C.

Информација од ова утро 25.2.2026

Минимална температура (во °C)

-4 Попова Шапка, -2 Mаврови Анови, -1 Охрид, 0 Битола, Kрушево, 1 Берово, Претор,2 Прилеп, Тетово, Демир Капија, Виница, Крива Паланка, 4 Скопје-Петровец, Струмица, Штип, 6 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, 10 Гевгелија.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

89 Попова Шапка.

Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!