Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сончево со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно – Временска прогноза за 1.6.2023

/

пред 1226 дена

Сподели преку :

Сончево со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 15°C, а максималната од 21 до 27°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

7 Попова Шапка, 8 Лазарополе, 9 Маврови Анови, 10 Берово, Крушево, 12 Охрид, Битола, Прилеп, Тетово, Дебар, 13 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Демир Капија, 14 Куманово, Гевгелија, Виница, 15 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

22 Ѓуриште, 13 Берово, 9 Скопје-Зајчев Рид, 7 Куманово, Тополчани, 4 Крива Паланка, 3 Претор, 2 Битола, Прилеп, Гевгелија, 1 Тетово, Дебар, Виница.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/