Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје, сончево со мала со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 17°C, а максимумот од 23 до 32°C.
Информација од ова утро 30.5.2026
Минимална температура (во °C)
3 Берово, 4 Лазарополе, Попова Шапка, 5 Крива Паланка, Mаврови Анови, 7 Скопје-Петровец, Претор, Битола, 8 Тетово, Демир Капија, Kрушево, 9 Охрид, Штип, Куманово, 10 Велес, Виница, Струмица, Кавадарци, 11 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!











