Сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец.
Во Скопје, променливо облачно со засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 11°C, а максимумот од 14 до 22°C.
Информација од ова утро 17.4.2026
Минимална температура (во °C)
5 Попова Шапка, Лазарополе, Берово, 6 Битола, Mаврови Анови, Претор, 8 Kрушево, Прилеп, Крива Паланка, 9 Струмица, Демир Капија, Охрид, Гевгелија, 10 Штип, 11 Кавадарци, Тетово, 12 Куманово, Виница, 13 Велес, Скопје-Зајчев Рид.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!











