Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност.
Информација од ова утро 15.11.2025
Минимална температура (во °C)
-3 Берово, -2 Битола, -1 Струмица, Демир Капија, Тетово, 0 Велес, Лазарополе, 1 Крива Паланка, Прилеп, Гевгелија, Штип, Маврови Анови, 2 Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Претор, 5 Виница, Крушево.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР











