Утрото ведро и студено, преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -8 до -2°C, а максимумот од 3 до 11°C.
Информација од ова утро 27.12.2025
Минимална температура (во °C)
-7 Попова Шапка, -4 Крива Паланка, Kрушево, Mаврови Анови, -3 Претор, -2 Охрид, -1 Битола, Прилеп, Берово, 0 Виница, 1 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Штип, Струмица, 2 Скопје-Петровец, Тетово, Велес, Кавадарци, 3 Демир Капија, 5 Гевгелија.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!











