Стабилното време продолжува па и утре ќе уживаме во пријатна временска состојба. Наутро ќе биде свежо, со утрински температури кои во делови од земјата ќе се спуштат и околу 5 степени, преку денот сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 16, а максималните од 29 до 34 степени.
UV=6
Во Скопје сончево со слаб јужен ветер.
Информации од ова утро: 12.9.2023
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
5 Берово, 7 Битола, Лазарополе, 9 Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Струмица, Маврови Анови, 10 Скопје-Петровец, Претор, Демир Капија, Попова Шапка, 11 Охрид, 12 Куманово, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Дебар, 13 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница, Крушево, 14 Дојран.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo











