Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Подолги сончеви периоди – Временска прогноза за 19.12.2021

/

пред 1750 дена

Сподели преку :

Ни следува период на стабилно и суво време. Утре ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Агропрогноза: Ова е период од годината кога освен тутунопроизводителите кои ја изведуваат  примарната манипулација на тутунот во домашни услови при што имаа оптимална релативна влажност на воздухот, останатите работи на отворено со мали исклучоци и да ги нема.

Временски услови во следната седмица, па и негативните утрински во овој период од годината немаат некое поголемо значење за земјоделските култури.

Доколку почвените услови им дозволуваат на земјоделците, сѐ уште може да се садат овошки, додека работите во пластеничкото и оранжериското производство остануваат актуелни, како земјоделски работи во контролирани услови.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/