Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И Македонец меѓу загинатите во големата трагедија во Нови Сад

/

пред 702 дена

Сподели преку :

Во несреќата кога падна натстрешница на железничката станица во Нови Сад загинаа најмалку 14 луѓе чии тела се извлечени од под урнатините.

Еден од загинатите е идентификуван како македонски државјанин. Информацијата ја потврди и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ во своето обраќање посочи дека досега се идентификувани 9 жртви, од кои 8 се српски државјани, а еден загинат е државјанин на Северна Македонија. Меѓу жртвите е и 6-годишно дете чиј идентитет се уште не е утврден.

Спасувачките екипи се уште се на терен, а со градежни машини се тргаат делови од натстрешницата која падна денеска околу пладне. Снимките од надзорните камери покажаа дека големата бетонска натстрешница едноставно ги поклопи луѓето кои поминуваа или седеа на клупи во делче секунда и  никој не можеше да избега никој.

Натстрешницата не била реновирана за време на обновата на железничката станица која ја вршеа една српска и две кинески компании.

(Видео) Осум лица загинаа, едно лице е во тешка состојба – падна бетонска натстрешница на железничката станица во Нови Сад