Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Невреме во Хрватска, затворени се училишта

/

пред 191 дена

Сподели преку :

Невреме во Хрватска.  Силниот ветер што дуваше преку ноќта, направи големи штети на повеќе места. И утрово во Загреб дува силен ветер, откорнати се дрвја, а на некои места се подигнати и покриви. Поради невремето, откажана е и наставата во училиштата, објави Индекс.хр.

Поради снегот и зимските услови за возење во Горски Котар и Лика, има ограничувања за камиони со приколки и трактори со полуприколки.

Црвено временско предупредување е во сила во регионите на Загреб, Риека и Госпиќ и во Велебитскиот канал.

Врнежи од снег се најавуваат на повисоките делови, а во Далмација се можни врнежи од дожд со грмотевици.

(Видео) Црвени метео аларми низ регионот – силни ветрови, дожд и снег во Хрватска