Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Видео: Тепачка во турскиот парламент за време на седница за буџет

/

пред 285 дена

Сподели преку :

Физичката пресметка се случи за време на жестоката дебата за предлогот за буџетот за 2026 година. Пратениците во Турција разменија удари, но и покрај тоа законот за буџетот и законот за финансиски извештај за 2024 година на крајот беа усвоени, објави Гардијан.

Судирот избувна откако пратеникот на владејачката Партија на правдата и развојот, Мустафа Варанк, даде изјави насочени кон лидерот на опозициската Републиканска народна партија , Озгур Озел, за време на дебатата за буџетот во Големото национално собрание на Турција.

Откако Варанк го нападна Озел поради фотографиите направени на гробот на поранешниот пратеник Камер Генч, заменик-претседателот на парламентарната група на ЦХП, Гохан Гунајдин, реагираше од говорницата обвинувајќи ја АКП за намерно разгорување контроверзии за време на дебатата за буџетот.

Дебатата ескалира во размена на остри обвинувања за наследството на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк. По понатамошни провокации, избувна физичка пресметка. Пратениците почнаа да се туркаат, а си разменија и тупаници.

Судирот траеше околу десет минути. Пратениците се туркаа додека обезбедувањето и другите пратеници се обидуваа да ги разделат. И покрај сè, парламентот продолжи да работи. Нацрт-законот за буџетот за следната година беше изгласан со 320 гласа „за“ и 249 „против“, додека финансискиот извештај за 2024 година беше усвоен со 316 гласа „за“ и 247 „против“.