Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

1,2 милијарди евра помош за Украина одобри Европскиот парламент

/

пред 1690 дена

Сподели преку :

Европскиот парламент одобри итна програма за макрофинансиска помош од 1,2 милијарди евра за Украина.

На пленарната седница одржана вчера во Стразбур, за средствата гласаа 598 од вкупно 694 европратеници, јави Бгнес.

Програмата ќе стапи во сила по нејзиното одобрување од Советот на ЕУ. Помошта е наменета за одржување на економската и финансиската стабилност на Украина во услови на ескалација на руско-украинскиот конфликт. Таа ќе биде исплатена годинава во две транши.

Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен претходно најави обезбедување финансиска помош за Украина. Таа појасни дека новиот пакет ќе вклучува „итни заеми и грантови“ и особено нова итна програма за макрофинансиска помош од 1,2 милијарди евра.

Макрофинансиската помош се заеми што Европската Унија ги доделува по поволни услови за соседните земји, главно за поддршка на нивниот платен биланс.

Според Европската комисија, од 2014 година, ЕУ и нејзините финансиски институции обезбедиле повеќе од 17 милијарди евра заеми и грантови за Украина.