Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

15% повисоки плати за вработените во училиштата и градинките – завршија преговорите меѓу СОНК и МОН

/

пред 1601 дена

Сподели преку :

По четиричасовна средба СОНК и Министерството за образование и наука со посредство на медијатор постигнаа договор за зголемување на платите за 15 % на вработените во основните и средните училишта кое ќе стартува од септември.

На денешната средба се разговараше и за утврдување на рокот за новите колективни договори и за методологијата за пресметка на платите за 2023 и 2024 година.

Претседателот на СОНК се надева дека членството ќе ги прифати препораките на помирувачот и ќе се реализира спогодба и советот на СОНК ќе го овласти Неделков да ја потпише спогодбата.

На овие преговори претходеше средбата на претставниците на СОНК со министерката за труд и социјална политика Тренчевска за изнаоѓање решение за проблемот со платите за периодот во кој штрајкуваа вработените во градинките.

Според Законот за работни односи и Колективниот договор  за месец април се исплаќаат само придонеси, но не и дневници.

И Тренчевска и Неделков се оптимисти за надминување на овој проблем.

Во текот на утрешниот ден е предвидена средба на претставниците на СОНК со министерката Тренчевска за конечен договор. Во наредните десет дена пак се очекува СОНК и МОН да ја потпишат спогодбата.

Нина Стефанова