Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

150 планинари заглавени во хотел Молика, патот завеан од снег нема кој да го исчисти

/

пред 1680 дена

Сподели преку :

150 планинари од Македонија, Србија и Бугарија се заглавени во хотелот Молика на Пелистер и не можат да тргнат за дома, затоа што велат патот на Пелистер не е исчитен од снегот кој интензивно врне.

 Тие вчера се искачуваа на врвот Неолица, на маршот посветен на Февруарскиот поход, а експедицијата е во органзиација на друштвото за планинанрски спортови Лисец од Штип.

Иако велат утрово им било ветено  од надлежните, дека патот  до хотел Молика ќе биде исчистен, сепак, до попладнево патниот правец се уште е затрупан во снег.

Од Македонија пат за Телма велат дека утрово механизацијата на Македонија пат работи на расчистување на двата патни правци на Пелистер, кон Нижеполе и кон Молика, но интензивни се врнежите од снег, поради што екипите попладнево повтроно ќе го чистат снегот.