Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

16 повредени во ирански ракетен напад врз Израел откако САД ги бомбардираа нуклеарните капацитети на Иран

/

пред 483 дена

Сподели преку :

По американските воздушни напади врз трите најважни ирански нуклеарни капацитети во Фордо, Исфахан и Натанз, Техеран одговори со салво ракети врз Израел.

Најголемиот дел од нив беа пресретнати од израелските противракетни системи, но неколку успеаја да се пробијат.

Според израелските власти 15 лица се здобиле со лесни повреди, додека еден 30 годишен маж бил посериозно повреден.

Меѓу метите на последниот ирански ракетен напад бил и Меѓународниот аеродром Бен Гурион во Тел Авив, соопштија од иранската Револуционерна гарда.

 

Израелски авиони бомбардираат воени цели во Западен Иран, соопшти ИДФ