Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски ја повика опозициската ВМРО ДПМНЕ да делегира свој претставник во работната група за изборите

/

пред 1073 дена

Сподели преку :

Премиерот Ковачевски ја повика опозициската ВМРО ДПМНЕ да делегира свој претставник во работната група која функционира во Министерството за правда.

Таму се разговара за измените на Изборниот законик и препораките на ОБСЕ, а може да се разговара и за тајмингот на претстојните избори. Ковачевски смета дека секој друг формат на договарање би бил вон-институционален.

Деновиве, ВМРО ДПМНЕ предупредува дека е неопходно партиите да седнат и да се договорат за заеднички термин за претседателски и парламентарни избори. Спикерот Талат Џафери на вчерашниот брифинг ги потсети партиите дека терминот за редовни претседателски избори треба да се договори до Нова Година, а треба да се движи меѓу 14 март и 25 април.

За редовни парламентарни избори, термините се движат од 5 мај до 15 јули. Џафери потсетува дека секој термин пред тоа ќе значи предвремени избори и поинаква предизборна динамика.

Соња Николовска