Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

17 битолчани со скршеници и повреди поради неичистениот снег кој наврна изминатите два дена

/

пред 646 дена

Сподели преку :

Снегот од четириесетина сантиметри што наврна изминатите два дена во Битола предизвика низа проблеми во нормалното функционирање на битолчани. Голем број граѓани побараа помош во битолската болница поради повреди и скршеници на неисчистените и подмрзнати улици и тротоари. Од Клиничката болница информираат дека на  Одделнието за ургентна медицина  на преглед се јавија  17 пациенти со повреди при пад на снегот, петмина со скршеници  се оперирани на Ортопедија, и двајца чекаат за операција.

Граѓаните уште вчера се пожалија дека улиците и тротоарите  низ градот не се исчистени, што им предизвикува проблеми во движењето и нормалното функционирање.

„Лизгаво е страшно е посебно Широк Сокак. Тешко се движиме, има и мраз одоздола, ќе падне човек ќе се искрши“ велат битолчани.

Не само пешаците, отежнато е движењето и на возачите откако  снегот кој остана на коловозите подмрзна. Социјаланите мрежи се преплавени од коментари на револтирани граѓани кои се жалат дека ги искршија автомобилите на неисчистените улици, по кои се вози како на калдрма.

Од Општината пак тврдат  дека исчистени се сите улици од прв  приоритет и пристапите до објектите од витално значење. Исто така, велат исчистени се и улиците од втор и трет приоритет, освен онаму  каде поради паркирани возила е оневозможен пристап на механизацијата за чистење.

Емилија Мисирлиевски