Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Мрзнеме 19-ка ја нема“ – жителите на Шуто Оризари се жалат дека нема автобуси и најавуваат протест пред Град Скопје

/

пред 684 дена

Сподели преку :

Жителите на Шуто Оризари подолго време немаат адекватен автобуски превоз.

  • Секој ден се соочуваме со проблемот со немање јавен превоз, со часови чекаме на автобуски станици. Нема да дозволиме на ова студено време, на минусни температури нашите жени, деца и стари да чекаат по два, три часа  автобус и тоа да биде како на лотарија – ќе дојде или нема да дојде“, изјави градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Дудуш најави протест поради проблемот со превозот за в петок во 13: 00 часот. Протестот ќе започне од населбата Шуто Оризари до Кале со автомобили, а потоа од тврдината до Град Скопје ќе се движат пешки.