Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

20-тината кривични пријави оваа година за измами во Тетово

/

пред 670 дена

Сподели преку :

Жител на тетовско село дал 34 илјади евра за недвижен имот, кој не го добил. Усно се договориле да купат по половина од парцела, но во Катастар на имотен лист видел дека купопродажниот договор за износ од 3.000 евра бил склучен пред неколку години, на име на лицето кое го измамило. Не му биле вратени ниту парите.

Намамени со хумантарна помош за болно лице во семејството, со нивни документи бил подигнат брз кредит. Откако во банка им пристигнале 19 000 денари осомничениот рекол дека 4 000 денари остава за донација, а другите да му ги дадат нему.

Ова се последните измами пријавени во полицијата во тетовскиот регион. 20-тината кривични пријави оваа година укажуваат дека измамниците вешто користат различни ситуации, а на мета се сите возрасни групи.

„Се работи во делот на компјутерски измами, измами преку социјални мрежи, банкарски измами, измами при купопродажба и други видови на измами. Во СВР Тетово биле поднесени вкупно 22 кривични пријави против 22 познати и 2 непознати сторители“. –вели  Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово 

Од полицијата упатуваат апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни особено при комуникација со непознати лица кои нудат финансиски совети за заработка преку интернет.

„Да внимаваат со кого комуницираат особено преку социјалните мрежи, ако се знае дека секој може да креира профил, во сечие име. Тоа може да го стори и на име на твој познаник. Доколку се сомневаш истото да го пријавиш во полициска станица“ – вели  Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово 

Инаку според кривичниот законик, казната за измамниците е затворска казна од 3 месеци до 10 години, зависно од вредноста на штетата што била причинета.

ДАНИЈЕЛА БИЛБИЛОСКА