Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

20 починати откако конзумирале нечист кокаин

/

пред 1704 дена

Сподели преку :

20 лица починаа, а 74 се примени во болниците во Буенос Аирес по масовно труење со кокаин. Оние кои се во болница се со средни до тешки проблеми, а дел од нив се интубирани.

Полицијата е во потрага по остатокот од отровниот кокаин, кој ќе го повлечат од промет, и апелираат секој што набавил дрога во последните 24 часа да ја фрли.

Во лабораторија се анализира која токсична материја ја содржи кокаинот што предизвикува такво труење.

Се претпоставува дека кокаинот бил намерно фалсификуван како дел од пресметката меѓу трговците со луѓе.

Полицијата соопшти дека кокаинот бил продаден во сиромашна населба во Буенос Аирес, а веќе се уапсени десетина луѓе.