Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

2025 – година на тажни судења на развлечени реформи и опомени за политичко мешање врз правосудството

/

пред 280 дена

Сподели преку :

2025 та заврши со  траорните сведочења и солзите  во  судницата во Идриозово на мајките кои ги изгубија своите чеда во дискотеката која не требало да работи од првиот ден а 13 години подоцна во неа згаснаа 63 животи. Судењето почна во ноември со многу прашања и дилеми.

Емотивни сведоштва за изгубени блиски и сомнеж за несовесно лекување одекнаа и од судењето за Онкологија. Во годината што измина заврши уште едно судење што ја потресе нацијата, за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски so доживотни за Палeвски и уште тројца обвинети а ослободителна за таткото на Вања.

Солзи и гнев ги преплавија судниците во Кривчен и на судењата за сообраќајките во кои смртно беа прегазени младата Фросина Кулакова и пензионерот Југослав Николовски. Истата судијка – на Васил Јованов кој возеше без дозвола под дејство на алкохол и на црвено светло му пресуди 12 а на Фатон Љури кој без дозовла возеше на пешачка патека му пресуди 11 години затвор.

Во 2026-та треба да се пополни најмоќната обвинителска позиција откако лани речиси цела година траеше сагата за разрешувањето на државниот обвинител. Власта го критикуваше и го држеше на тенок мраз, но кога тлото почна да се тресе Коцевски сам се повлече еден час пред седицата за негово разршевуање.

Лани многу се зборуваше за закони и реформи, но дел од нив и многу доцнеа. Законот за Судкси совет беше изгласан во последните денови од декември откако веќе почна процедурата за избор на два нови члена на судски по старите критериуми. Собраниската комсија за избори предложи член на судски да биде кандидат кој работел како советник во тетовската полиција, а треба да оценува судии.

Долго очекуваните измените на КЗ ги пробија роковите на Уставниот суд, но го фатија последниот воз.

И законите за финансиска авотномија со кои треба да се пресече папочната врвца на правосудството со извршната власт на судството останаа за годинава. Лани премиерот почна со капања – Не за повисоки плати за судиите и обивнителите.

Се обединија и судиите и му пишаа писмо на премиерот дека ја помнал границата на добро однесување со неаргументирана критика.

И ЕК во извештајот ги нотираше најавите за робусни акции на премиерот, но и дизјавите на други функицонери како реторика која ја поткопуваат независноста на правосудството. Интерпелациите  на петте члена од судкси се забележани како притисок од Собранието за оставки.

И борбата со корупцијата со слаби резултати а екс претседателката на Антикорупциската комисија седна на обвинителна клупа.

И оваа година почнува со многу неодговорени прашања со гладни за правда и со старите желби за независно судство и успешна борба со корупцијата.

Елена Ивановска Мукоска