21 годишна девојка е најмладата пациентка заразена со Хуман папилома вирус. Во минатото имало и помлади а со модерниот начин на живот и нередовните контроли може да се врати статистиката алармираат надлежните и апелираат на што помасовна вакцинација на девојчињата против ова вирусно заболување.
Надлежните побарале од министерство за здравство покрај девојчињата и момчињата да може да ја примаат вакцина против ХПВ, а очекувањата се дека до година тие ќе почнат со имунизација, а ќе се зголеми и бројката на примени дози против ХПВ кај девојчињата.
-За жал јас ќе ви кажам дека последните три случаи се жени кои што никогаш не им бил земен пап тест. Тоа е жално. Сега ние сите се залагаме да биде воведен хпв тестот како примарен во скринингот на цервикалниот карцином, вели Горан Димитров специјалист гинеколог.
-Ние дадовме препорака да го прошириме временскиот период на примање на оваа вакцина. Сите девојки кои што навршуваат 19 години до крајот на календарската година можат да ја примат бесплатно оваа вакцина во здравствените домови со цел да излеземе и во пресрет на родителите кои што најчесто коментарот нивни е дека оваа вакцина прерано е да се прима на 12 односно на 15 години, вели Александра Грозданова претседателка на комисија за имунизација.
Вакцината против ХПВ инфекција има најнизок опфат од сите вакцини. Статистиката по градови во Македонија покажува дека струмичко има најмал број на вакцинирани лица со втора доза имунизација и тоа 3,4% потоа следува Скопје со 13,4%,а велешко и кочанско со комплетно имунизирани девојчиња.
ХПВ е полово пренослива болест предизвикана од хуман папилома вирусот. Инфекцијата предизвикува појава на кондиломи, преканцерози , но ако постои подолго време тогаш може да дојде и до појава на карцином на грлото на матката, а редовните гинеколошки прегледи со ПАП тест се препорачани за сите жени за навремено справување со ова инфективно заболување.
Симона Петровска











