Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

22-годишна девојка удрена од таксист во Скопје откако одбила да плати 700 денари

/

пред 627 дена

Сподели преку :

Дваесет и двегодишна скопјанка вчера била удрена од такси возило откако одбила за превозот од центарот на градот до Чаир да плати 700 денари.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека околу 05:15 часот, 22 годишната Е.Т. се качила во такси возило без ознаки и откако ситгнале во Чаир каде требало да се симне, возачот и побарал да плати 700 денари по што таа одбила со образложение дека тоа се премногу пари.

Во моментот кога почнала да се симнува од возилото, возачот го стартувал возилото по што девојката паднала, а тој се вратил наназад со возилото и ја удрил.

Е.Т. побарала лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во информацијата објавена во дневниот билтен на МВР.