Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

25. Оффест без доволно пари и просторни капацитети, но со репрезентативни имиња

/

пред 130 дена

Сподели преку :

Оффест, фестивалот на музиката на светот по 25. јубилеен пат ќе се одржи од 03. до 06 јуни на сцените на МОБ и МКЦ. Организаторот најави 8 концерти со репрезентативни имиња и покрај тоа што, како што кажа, спонзорите се намалиле, Град Скопје не го финансира фестивалот откако градоначалник станала Данела Арсовска, па досега, ресорното министерство како покровител доделило 35 илјади евра, а Скопје нема ни летна сцена. Затоа амбициите за побогата фестивалска програма станале непотребни, кажа Оливер Белопета.

  • Сметавме дека покрај недостатокот на условите е непотребно.Беше потребно само да се следи главниот концепт на програмата, а тоа е да се носат најрепрезентативните имиња од т.н. Трет свет или музика на светот, кажа Оливер Белопета, директор на Скопскиот џез фестивал и организатор на Оффест.

Фокус на изведувачите од Африка и настап на група која веќе со успех гостувала на фестивалот , е концептот на Оффест за ова јубилејното издание.

  • Обединуваме повеќе региони на Африка. Правиме еден пресек од тие региони . Што сѐ се слуша и што е најактуелно. Тука изборот падна , во рамките на можностите се разбира, на BCUC од Јужна Африка, кои беа тука пред 2-3 години, рече Белопета.

Од Македонија на Оффест ќе настапи дуото Добрила Грашеска и Доријан Јовановиќ. Тие ќе го промовираат третиот студиски албум „ Ветре да дувне“. Меѓу странските музичари на фестивалот се познатиот шпански продуцент и музичар, Раул Рефри кој ќе настапи со италијанската вокалистка Марија Мазота. Тие ќе го претстават новиот албум „ Свети Павле од Галатина“. А, ќе настапи и норвешкиот виолинист Нилс Окланд со органистот Сигбјорн Апеланд. Во фестивалската завршница ќе биде прикажан документарниот филм „ Елис и Том- тоа мора да си ти“, во режија на Роберто де Оливеира. Тој зборува за снимањето на заедничкиот албум на таткото на боса- новата Том Жобим со популарната бразилска пејачка Елис Реџина, во 1974 година.

Сотир Трајков