Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

25 пожарникари го гаснат пожарот во „Жито Битола“, засега нема повредени

/

пред 1715 дена

Сподели преку :

25 пожарникари го гаснат големиот пожар кој во моментов го гори објектот на фабриката „Жито Битола“. Мобилизиран е целиот капациетет на ТППЕ Битола. Засега нема повредени до директорката на Клиничкиот Центар, д-р Гагачовска за Телма изјави дека по дојава на ЦУК се мобилизирани две екипи во болницата кои чекаат подготвени доколку има повредени во пожарот.

Пожарот избил во 17.20 часот. Набрзина се шири и ја зафати и кровната конструкција. Полицијата го обезбедува местото и им укажува на луѓето кои сведочат да се тргнат на безбедна далечина.

Причините за пожарот се уште не се знаат, а нема информација и како избувнал.