Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца починати, 168 ново заразени од КОВИД 19

/

пред 2277 дена

Сподели преку :

Не стивнувааат троцифрените бројки на заразени со корона – за само едно деноноќие нови 168 позитивни на вирусот.

Борбата за живот , ја изгубија 3ца луѓе.

Кај пациентка која била хоспитализрана во 8ми септемри дека е позитивна на КОВИД – 19 , блиските дознале дека е заразена со вирусот по нејзина смрт.

И денеска најмногу новодијагностицирани има во Скопје – 83., по што следи Тетово со 26 .

– Куманово 8

– Гостивар 8

– Охрид 8

– Штип 6

– Кичево 6

– Струга 5

– Свети Николе 4

– Прилеп 3

– Битола 2

– Дебар 2

-Пробиштип 2

– Крива Паланка 1

– Крушево 1

– Кочани 1

– Македонски Брод 1

– Ресен 1

А ,нов кластер се појави  во  конфекција во Свети Николе.  Вчера таму биле тестирани околу 200 лица. Инаку според дневниот ковид билтен во овој град има нови 4 заболени.

Беше град кој регистрираше прв случај меѓу последните во Македонија , ама сега има 50 заболени и близу сто лица во самоизолација.

Денес пак оздравени се 70 луѓе, број двојно помал од бројот на новозаразени.

Македонија полека влегува во 5 месец  во кои брои заразени и жртви од пандемијата на корона вирусот – до сега има регистрирано вкупно 7572, во моментов болни се 3586.

Теодора Цветковска