Во изминатите 24 часа во државата се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, соопшти утрово Центарот за управување со кризи.
Два пожара сè уште се активни – во општините Македонски Брод и Јегуновце – додека еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати.
Во природниот резерват „Јасен“ кај Македонски Брод гори мешана шума, додека во регионот помеѓу селата Рогачево и Јажинце во Јегуновце, пожар зафати пасишта.
Надлежните екипи се на терен и работат на локализирање на огнот.
Mеѓувреме, под контрола е ставен пожарот кај селата Девич и Грешница, исто така во општина Македонски Брод, каде што беше зафатена ниска вегетација.
Благодарение на навремената интервенција, овој пожар не се прошири кон пошумени површини.
Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на зголемена внимателност, посебно во услови на високи температури и суво време, со оглед на зголемениот ризик од нови пожари.











