Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

310 новозаразени и 3 починати од Ковид-19

/

пред 1657 дена

Сподели преку :

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.609 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (310) ,регистрирани се 49 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице: од Скопје ( 77г), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од Богданци (87г) и Кочани (45г). Пријавените лица се починати во период од 17.03. до 19.03.2022 година. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (3), кај сите се регистрирани коморбидитети.