Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Прва разврска во борбата за правда“ – Здружението на граѓани „16-ти март“ ја чека пресудата за полицајците

/

пред 157 дена

Сподели преку :

Здружението на граѓани 16 март по завршните зборови во судскиот процес против тројцата полицајци во врска со контролите на кочанската дискотека „Пулс“ порачаа дека за некого тоа е само уште еден предмет, но за нив е првата разврска во борбата за правда за нивните најмили.

Тие изразуваат надеж дека судот ги видел сите пропусти, грешки, моменти каде системот потфрлил и дека ништо нема да остане занемарено.

Тројцата полицајци Кире Богатинов, Горан Лазаров, Александар Темелков  се гонат за  злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи при контролите на „Пулс“ не постапиле во согласност со пропишаните правила и во записниците навеле неактивно правно и одговорно лице.

Пресудата ќе биде изречена на 5 мај.