Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп најави 35 отсто царини за Канада, тарифи и за повеќето трговски партнери

/

пред 458 дена

Сподели преку :

Од први август Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведат 35 отсто царини на увозот на производи од Канада, додавајќи дека размислува за дополнителни царини од 15 до 20 отсто и за поголемиот дел од останатите трговски партнери.

Во писмо објавено на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“, Трамп го информираше канадскиот премиер Марк Карни дека царините ќе стапат во сила од наредниот месец и ќе бидат зголемени доколку Канада одговори со реципрочни мерки.

Во интервју за „Ен-Би-Си Њуз“, Трамп изјави дека „не секоја земја ќе добие писмо“, но сите ќе бидат опфатени со новите царини. „Ќе платат, дали 20 или 15 проценти, сѐ уште го утврдуваме тоа“, рече тој.

Претходно оваа недела, САД веќе воведоа нови царини кон неколку земји, вклучувајќи ги сојузниците Јапонија и Јужна Кореја, како и 50 отсто на увоз на бакар.