Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

40 лица сведочеле пред Обвинителството за случајот Онкологија

/

пред 1066 дена

Сподели преку :

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески седна на столчето за сведоци во Анкетната комисија за случајот Онкологија, но не откри многу детали. Посочи дека се работи за обемен предмет кој опфаќа подолг период и се води во две насоки базирани на финансиските извештаи и на медицинската документација.

Пратениците, пред `се оние од опозицијата, поставија серија прашања.

Јовески објасни дека извештајот на Заводот за ревизија стигнал во Обвинителството не во март туку кон крајот на август. Ги повика политичарите да не се мешаат во истрагата и паралелно да не работат на утврдување кривична одговорност.

Јовески повика доколку некој располага со некакви нови докази, да ги достави до Обвинителството. Но, ако се работи за службени документи, институциите веќе располагаат со нив.

Соња Николовска