Авион на компанијата Кроатиа Аирлајнс не ги примил сите патници на летот од Скопје кон Загреб, пишува порталот Замааеро.
Според хрватските медиуми кои ја пренесоа информацијата инцидентотот се случил на 12 август, на аеродромот во Скопје.
Според нивните информации компанијата не примила 6 патници на летот, како и нивниот багаж поради тоа што авионот требало да полета со пониска тежина поради високите температури кои во Скопје изнесуваа и над 40 степени.
Од компанија Кроатиа Аирлајнс за хрватскиот портал Индекс потврдиле дека е точно дека 6 патници не биле примени на летот ,но и дека сите патници биле згрижени и на крајот стигнале на својата крајна дестинација. За багажот наведуваат дека кабинскиот багаж бил превезен, додека „чекираниот багаж бил оставен во Скопје и во рекордно време доставен до патниците“.
Капацатитетот на авионот изнесувал 149 седишта а биле пријавени 80 % број на патници од целокупниот капацитет што сугерира дека уште повеќе патници би биле отстранети од летот во случај на поголема пополнетост.
Авионот е во сопственост на Кроатиа Аирлајнс од крајот на минатиот месец и досега сите летови биле реализирани со речиси 100 % пополнетост со исклучок на летот Скопје Загреб на 12 Август.











