Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

650 се веројатни случаи на акутен хепатитис од непознато потекло во светот, соопшти СЗО

/

пред 1590 дена

Сподели преку :

Светската здравствена организација соопшти дека има податоци за вкупно 650 можни случаи на акутен хепатитис кај деца, но причините остануваат непознати и се истражуваат, пренесе Ројтерс.

До 26 мај, СЗО пријави 650 сомнителни случаи на заболување на црниот дроб од вкупно 33 земји. Уште 99 случаи допрва треба да се класифицираат, соопшти организацијата.

Здравствените власти ширум светот го истражуваат мистериозното зголемување на случаите на акутен хепатитис – воспаление на црниот дроб – кај малите деца, што доведе до најмалку девет смртни случаи досега.

Минатата недела, американските здравствени власти рекоа дека аденовирусната инфекција е главната хипотеза за неодамнешните случаи на тежок хепатитис од непознато потекло кај децата.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести вели дека истражува дали инфекцијата со СОВИД-19 може да биде релевантна за случаи на хепатитис, како и за други патогени, лекови и фактори на ризик.