Претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп е во официјална посета на Македонија.
Шентоп оствари средба со премиерот Димитар Ковачевски.

„Економските односи помеѓу Северна Македонија и Tурција бележат унапредување. Имаме значителен раст на трговскиот обем во 2021-та година, а турските компании се меѓу најголемите инвеститори во земјава. Зајакнување на соработката и односите меѓу двете земји беше тема на денешната средба со Мустафа Шентоп, претседателот на Големото национално собрание на Република Турција”, напиша премиерот Ковачевски на својот Фејсбук профил.
Шентоп по средбата со Ковачевски ги посети историските места во Скопје. Од Скопското кале се симна во Мустафа пашината џамија, а потоа шеташе по старата скопска чаршија.
Спикерот на турскиот парламент беше придружуван од директорот на Институтот Јунус Емре, Серхат Кула како и координаторот на ТИКА-Скопје Халим Омер Согут заедно со советникот за верски служби Мустафа Местен.











